Павле Николовски заштитно лице на нова летна кампања

19 април 2018

Нашиот познат машки модел, Павле Николовски од модната агенција Моделс Ин деновиве работеше на нов проект, како заштитно лице на нова кампања.

Имено се работи за кампања на брендот Барбароса, што се снимаше во Сараево.

„Под водство на врвниот фотограф Јасмин Фазлагиќ, Николовски како вистински професионалец покажа дека не случајно високо котира помеѓу машките модели на Балканот", вели Алек од Моделс Ин.

Инаку веќе неколку години Николовски е дел од модната агенција Моделс Ии од Скопје, а неодамна беше и заштитно лице на Атеље Љутикова за новата линија на машката колекција.

Во моментов е во Турција каде има ревии и нов ангажман.Неговиот успех е голем поттик за нас и понатаму да вложуваме и работиме со нашите модели вели Алек од неговата матична агенција.

Фотограф : Јасмин Фазлагиќ
Шминка : Сањин Егон
Стајлинг : Антонија Радиќ
Коса : Махир Синановиќ
Локација : Хотел Хилс Сараево

 

Објавено:
19 април 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
221 пати