Погледнете го блескавото шоу на Викторија Сикрет!

14 ноември 2013

Моментот што сите го чекавме со нетрпение, конечно дојде! Вчеравечер во Големото јаболко се случи долгоочекуваното Викторија Сикрет Шоу во кое учествуваа некои од најубавите жени во светот.

Додека чекаме да го видиме целото шоу што премиерно ќе се прикаже во Америка на 10 декември, од фотографиите можеме да заклучиме дека сите манекенки од прва до последна изгледаа навистина совршено!

Заедно со нив, на сцената се појави и младата пејачка #t=17" target="_blank">Тејлор Свифт која изгледаше подеднакво неверојатно како и манекенките. Во тесното кусо, сребрено фустанче со прекрасни детали на Зухаир Мурад, пејачката без проблем можеше веднаш да стане дел од нивниот тим.

На неверојатната сцена блеснаа прекрасните Алесандра Амброзио, Адриана Лима, Кара Делевињ, Џоан Смолс, Карли Клос и други.

Иако сите подеднакво беа гламурозни, мора да се признае дека ништо не беше погламурозно од единствениот и најубав градник на светот вреден 10 милиони долари кој одлично и прилегаше на прекрасната Кендис Сванпул.

Погледнете како изгледаа манекенките на вчерашната ревија и уживајте!

Објавено:
14 ноември 2013
Категорија: 
Колекции