Погледнете ја во целост најновата колекција на Кејт Мос

8 април 2014

Во мајското издание на британски Вог, премиерно се  објавени креациите од летната колекција  која супермоделот Кејт Мос ја дизајнираше за брендот Топшоп. На нејзината јубилејна, 35-та по ред насловна страница за магазинот, Мос се појавува во фантастична силвер јакна со реси, секако од нејзината нова линија.

Низ внатрешните страници на магазинот е објавен едиторијалот кој ја најавува нејзината линија втора линија за Топшоп..

Според фотографиите кои се веќе објавени, ги чувствуваме бохо вибрациите, лежерниот хипи стил и опуштените кроеви карактеристични за фестивалската мода, а кои Кејт оддамна ги популаризира преку својот личен стил.

Колекцијата е сочинета од дневни и вечерни парчиња како, комбинезони, кратки шорцеви, плетени макси фустани со реси и уште многу слични макси модели со цветен принт, свечени коктел фустани, елеци, лежерни широки кошули со принт, марами па дури и пижами.

-Многу сум возбудена што колекцијата го носи моето име, а уште посреќна сум што ја продолжувам соработката со Топшоп, изјавува етаблираната манекенка.

Инаку,колекцијата ќе биде пуштена во продажба во сите продавници на етикетата од 30-ти април.

 

Објавено:
8 април 2014
Категорија: 
Колекции