Поп-арт во „Pop Wrap“ на Дијан фон Фурстенберг

3 февруари 2014

Дизајнерката која годинава прославува 40 години јубилеј од креирањето на фустанот на преклоп по кој е видно препознатлива во модната индустрија, Дијан фон Фурстенберг, продолжува со лансирање на мини колекција инспирирана од таткото на поп-арт правецот, Енди Ворхол.

Покрај изложбата „Journey wraparound dresses" која по повод јубулејот дизајнерката ја постави на 10-ти јануари во Лос Анџелес, таа ја реализираше и капсулната колекција која и во формите и во дезенот потсетува на времето во кое твореше големиот уметник Ворхол, а Фурстенберг  користи поп-арт симболи од авангардните дела аплицирани на нејзините фустани, здолништа и аксесоари.

 

Објавено:
3 февруари 2014
Категорија: 
Колекции