Последната колекција на Марк Џејкобс за Луј Витон е најбарана за модни едиторијали

29 мај 2014

Последната ревија на Марк Џејкобс за модната куќа беше ретроспектива на сето тоа што дизајнерот го работеше изминатите 16 години додека беше на позицијата креативен директор. На модната писта, секоја манекенка се појави со украс на главата од перја, креациите беа во исклучително црна нијанса, а преовладуваат мото јакните, сакоа, транспарентни туники, панталони со машки крој, топови и фустани украсени со каменчиња и перја.

Креациите од последната колекција на Џејкобс се најбарани модели за голем број едиторијали и тоа се сретнуваат во две верзии – свечени и кежуал варијанти. Во секој случај и двете верзии се ефектни, а стилистите најчесто ја истакнуваат раскошноста на деталите, како моделите да се танчарки кои штотуку завршиле со својот настап или пак како модерни Амазонки.

Објавено:
29 мај 2014
Категорија: 
Колекции