Познатите ги обожуваат металик аутфитите од зимската колекција на Алберта Ферети

16 ноември 2018

Актуелната колекција на етаблираната дизајнерка Алберта Ферети, за сезоната есен-зима 2018, е хит помеѓу славните дами. Ако ја следите нејзината работа, сигурно ќе забележите дека особено омилени се нејзините ексклузивни модели изработени од луксузни материјали во металик нијанси.

Еден од најпопуларните е дводелната комбинација на дамска кошула со пандела околу врат комбинирана со панталони, надополнети со високи чизми во истиот, металик фазон. Но, не помалки впечатливи се и комбинезоните, мини и миди фустаните со металик сјај.

Дуа Липа, Кејт Бланшет, Хајди Клум, Џесика Алба, сестрите Џиџи и Бела Хадид се дел од холибудските дами што се запишаа во листата на обожавателки на овој популарен аутфит потпишан од Ферети.

 Фото извор: Инстаграм профил на Алберта Ферети

 

Објавено:
16 ноември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
277 пати