Празничен лукбук од H&M

7 ноември 2016

Празничната сезона е на прагот, а светските модни и улични брендови не губат време, па секој ден излегува по некоја нова колекција со предлог како можеме да изгледаме во овој период.

Овој пат ви го претставуваме празничниот лукбук на H&M. Во фокусот се ставени светкавите парчиња, јакните од вештачко крзно, како и кадифените и свилени блузи.

Комбинациите се надополнети со мали чанти за преку рамо и светкави чевли, за вистински да блеснете во периодот на забави и прослави.

Во продолжение ви го претставуваме целосниот лукбук, кој веројатно ќе ви даде идеја за некоја комбинација.

Објавено:
7 ноември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.037 пати