Празнична мода во „Божиќна приказна“ на ателје „Ал Апарел“

5 јануари 2015

„Божиќна приказна“ е името на најновата колекција претставена низ лукбук на модното ателје „Ал Апарел“ досега препознатливо по венчални фустани. Наташа Карчева која веќе девет години ја потпишува етикетата на „Ал Апарел“ и најчесто креира венчални фустани и вечерни тоалети, овојпат лансираше сосема поинаква колекција претежно составена од коктел фустани, палта и комбинезони.

„Божиќна приказна“ е составена од 22 креации во црна,бела, бебешко розова, зелена, црвена и сива боја со рачно изработени детали од тимот на„ Ал Апарел“. Модните парчиња ги носи манекенката Ивана Гелева од модната агенција „Подиум“, за шминката и фризурата се погрижи Зорица Николова а фотографиите и видеото ги изработи Марина Трајковска.

Ателјето „Ал Апарел“ пошироката јавност го запозна со колекција на венчаници и вечерни тоалети на „The Bridal fashion night“ кој за прв пат се одржа во февруари минатата година.

Објавено:
5 јануари 2015
Категорија: 
Колекции