Празничната колекција на Reserved инспирација за предновогодишни забави

14 ноември 2019

Полскиот бренд Reserved неодамна ја лансираше празничната колекција. Едноставни, но ефектни парчиња се она што тие го нудат за претстојниот период.

Доминираат црните нијанси, но и светкавите ткаенини, како и кадифето.

Посебно се впечатливи комбинациите во виолетова и сина нијанса, супер избор доколку сакате да покажете доза луксуз. 

Кошули со „балон“ ракави, светкави блузи и палта, исто такви здолништа, волуменозни бели кошули и џемпери со панделка на грбот - оваа колекција ги обединува и актуелните трендови.

За оние што сакаат малку да отскокнат од шемата, се наоѓаат и неколку модели на комбинезони.

Од друга страна пак, за оние пак што префеираат нежност, во комбинација со сексапил, тука се фустаните и кошулите од нежна тантела.

Со оглед на тоа дека ни се ближи периодот на предновогодишни забави, иако надвор како да е пролет, веруваме дека оваа колекција на полскиот уличен бренд ќе ви послужи за инспирација.

Погледнете: 

Објавено:
14 ноември 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
3.288 пати