Прекрасна колекција во која ќе се заљубат сите романтичарки

22 февруари 2017

Во време кога познатите дизајнери секојдневно објавуваат нови колекции, време е да ви прикажеме една навистина прекрасна колекција која доаѓа токму од Балканот.

Имено, станува збор за босанското студио Кафтан зад кое стојат две млади и надежни сестри дизајнерки кои секогаш ги радуваат своите клиентки со фантастични парчиња.

Тие имаат нова колекција наменета за сите романтичарки, проткаена со злато и нежни пастелни тонови и парчиња полни стил и елеганција.

Нивната колекција за пролет/лето 2017 изобилува со магични парчиња изработени од нежна тантела, свила, транспарентни материјали, целосно надополнета со неодоливи украси како бисери и цветови од разни материјали.

Речиси сите парчиња се со едноставен и конкретен крој, совршено изработени од висококвалитетен материјал.

Во колекцијата ќе забележите дел од препознатливите моменти за овој бренд, како палтата со качулки од луксузен материјал, лежерните и нежни кошули, како и нивните романтични венчаници.

Објавено:
22 февруари 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.958 пати