Природата како инспирација за новата колекција на Манго

18 февруари 2016

Едноставните и чисти парчиња се оние што девојките сѐ повеќе ги бараат, а токму тие ќе бидат хит и следната сезона. High street брендот Манго смести токму такви парчиња во новата колекција преполна со ретро комбинации во супер бои.

За колекцијата и едиторијалот, тимот на Манго се инспирираше од природата и нејзините убавини, а токму топлите бои како „праска“ и окер се најприсутни во истата, пишува Journal.hr.

Сите парчиња се неодоливо женствени, а предност е што секоја девојка може да ги комбинира на безброј различни начини.

Парчињата од колекцијата ќе направат да изгледате навистина тренди, благодарение на одличните бои во кои веруваме дека ќе се вљубите на прв поглед.

Дел од истата се плетени тесни фустанчиња со голи раменици, романтични панталони и нежни кошули во иста боја, долги палта во неодолива портокалова, но и елегантни црни комбинезони и мантили во неизбежната црна.

Комбинацијата на парчиња во иста нијанса е нешто што морате да го пробате оваа сезона, бидејќи на неверојатен начин визуелно ќе ви го нагласи телото и ќе направи да изгледате послаба.

Погледнете ја колекцијата на брендот и дозволете си пролетен шопинг!

Објавено:
18 февруари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
874 пати