Пролет во Топшоп со Кара Делевињ

12 јануари 2015

Иако парчињата од модниот бренд Топшоп не можеме моментално да ги набавиме кај нас, сепак во продолжение визуелно ќе ви ја претставиме новата пролетна колекција за 2015 година, во случај да сакате да направите порачка преку некој онлајн шоп или доколку патувате во странство. Топшоп како заштитно лице ја ангажираше светски познатата Кара Делевињ, која продолжува да нижи успеси на модната сцена.

Пролетната колекција на модниот бренд е успешен спој на парчиња во елегантно – спортски стил, кој продолжува со својата актуелност и за наредната сезона. Покрај кожените и тексас јакни, актуелни се кратките топови, фармерките со висок струк, црн фустан со асиметрични детали, кошули во цветен принт, панталони и комбинезон во бела боја. Погледнете ги комерцијалните парчиња од новата колекција на Топшоп.

Објавено:
12 јануари 2015
Категорија: 
Колекции