Пролетен лукбук на Педро дел Иеро Мадрид за 2015 година

3 октомври 2014

Брендот Педро дел Иеро Мадрид се претстави на модната недела во Њујорк со пролетна колекција за 2014-та година, а сега најактуелно е лансирањето на лукбукот за пролет 2015-та година. Во новата колекција, дизајнерката Кармен Марч која од септември 2012-та година е дел од брендот, ги вметна карактеристичните шпански елементи како што се матадор јакните и панталони со висок струк. Покрај транспарентните креации, на парчињата доминираат и цветни принтови. Во продолжение погледнете го пролетниот лукбук на брендот Педро дел Иеро Мадрид.

Објавено:
3 октомври 2014
Категорија: 
Колекции