Пролетна машка колекција на Версаче инспирирана од Куба

19 мај 2015

За пролетната колекција за мажи, Донатела Версаче ја најде инспирацијата во Куба. Поточно во луѓето од Куба. Фасцинирана од тоа дека и покрај бројните потешкотии, кај тие луѓе се чувствува духот на слободата, таа реши слободата да ја преточи во креации.

Дел од моделите чекореа по пистата со одела на голо торзо, а во бои што ќе ве асоцираат на сладолед. Или пак само во шорцеви и марами со логото на брендот.

3

Голем дел од нив носеа чанти и корпи со модни додатоци исто така од брендот. Од лежерните комбинации во светли бои, имаше премин кон изглед на маж на плажа, а крајниот дел од ревијата е посветен на свечениот изглед на еден модерен маж, секако низ призма на Версаче.

20

30

Кога се боите во прашање, преземени се од небото над Хавана.

Посебно интересни се и кожените јакни со паликации во разни бои, со што уште еднаш добивате потврда за веселоста, слободата и пролетта што Донатела и нејзиниот тим сакале да ја имплементираат во сите креации.

40

Во продолжение погледнете ги креациите:

Објавено:
19 мај 2015
Категорија: 
Колекции