Пролетните и летни трендови сублимирани во една колекција

2 мај 2017

Weekend Max Mara ја претстави својата нова пролетно-летна колекција во која се сублимирани сите актуелни тенденции.

Доминантни се цветните принтови и „машките" кроеви на кошулите, а исто така застапени се предимензионирани модели кои совршено се комбинирани во романтични аутфити, со што се создава контраст преку кој е изразена индивидуалноста.

Макси фустаните што и оваа сезона се „must have" исто така се застапени во повеќе варијанти, а комбинирани со ултра популарните чанти со дизајн инспириран од плетените кошници.

Издвојуваме дел од највпечатливите комбинации.

Објавено:
2 мај 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.000 пати