Пролетта речиси пристигна, па сега е вистинско време да се запознаеме со сите нови трендови што нѝ ги носи таа. Дозволете ѝ на новата сезона да го обземе вашиот плакар во кој оваа пролет мора да ги сместите парчињата на Springfield.

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОЛЕТ

Цветни принтови и нежна розова пресликани на лежерни парчиња како парка јакни и фармерки од темен тексас се одличен избор за почеток на сезоната. Сината и зелената ги освежуваат овие секојдневни силуети.

Машка колекција која е лесна за носење и комбинирање. И кај мажите едни од главните парчиња се спортските парка и бомбер јакни дополнително украсени со амблеми.

ЉУБОВ ВО ПРУГИ

Сина, црвена, бела и многу пруги. Модерно оваа сезона повеќе од кога и да е. И за него и за неа. 

Под влијание на трендот од 70 – тите, оваа колекција нуди обновена верзија  на морнарскиот стил со ѕвонести панталони, плетени блузи со широки ракави, здолништа со А-форма и копчиња, како и кратки парка јакни.  

Секојдневен, лежерен изглед и спортски стил. Блузони, лесни јакни и светол тексас за освежување на пролетната гардероба на момците.

ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО

Пролетта е тука! Нова сезона со нови неодоливи тонови. Прекрасната палета на бои ја претставува сезоната на младешки начин. Пастелна розова, сина и бела боја, разиграни принтови и симпатични, женски поло маици.

Како и женската колекција, така и машките предлози за сезонава се фокусираат на светлите бои како розовата, жолтата и тиркизната во комбинација со секогаш актуелниот тексас во светли нијанси.

ВО КАНЦЕЛАРИЈА

За тренди релаксиран изглед од понеделник до петок дел од колекцијата на Springfield нуди парчиња кои ќе направат промена во работното секојдневие. Мантили, краток бел фустан, лежерни чино панталони, блузи и кошули.

Едноставни силуети и клучни парчиња во машката гардероба. Дискретни бои кои лесно се комбинираат. Сива основа во повеќе варијанти и едноставни шари инспирирани од урбаната култура.

СИТЕ НАДВОР, ДОАЃААТ ТОПЛИ ДЕНОВИ

Време за поло маици со нов струкиран крој - новитет во колекцијата на Springfield. Во комбинација со шорцеви од разновидни материјали и доминација на жолтата и црвената боја. Едноставно и „cool“.

Блузи со натписи, амблеми и декорации и бомбер јакните од превртена кожа се одлична комбинација со шорцеви од светол тексас. Парчињата инспирирани од кимоното се лесни и нежни заедно со кошулите порабени со тантела. 

Објавено:
11 март 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
818 пати