Провокативен едиторијал со Андреј Пејиќ

27 декември 2013

За кратко време момчето кое било откриено додека работело во McDonald’s стана модел кој сите сакаат да го ангажираат. Пејиќ направи толку голем револуција во модниот свет што успеа да ги избрише границите помеѓу машката и женската убавина.

Андреј Пејиќ паметно ги искористи своите пет минути со тоа што снимаше голем број едиторијали, насловни страни, се појави во спотот на Дејвид Боуви, а доби и улога во турска серија. Најново од него е едиторијалот кој го сними за корејкото издание на магазинот Вог за чии потреби позираше пред објективот на фотографот Хонг Јан Хун. Во едиторијалот се претставени новите пролетните трендови на светските модни куќи во кои преовладуваат цветниот принт и свилените блејзери и токму затоа целиот проект е под називот „The Flower Bomb"

Објавено:
27 декември 2013
Категорија: 
Колекции