Прв поглед на новата Studio колекција на H&M

24 февруари 2017

Пред официјалната презентација на новата Studio колекција на H&M закажана за први март во рамките на модната недела во Париз, деновиве беа објавени неколку ексклузивни фотографии од оваа линија кои веќе најавуваат што може да очекуваме.

А тоа е дозирана романтика проткаена низ лежерни макси, миди и мини фустани во опуштени кроеви, многу карнери, тантела и пријатни памучни ткаенини.

На сите до сега објавени фотографии може да видиме дека доминираат парчињата во бела, црна и беж боја, а видлива е и бохо естетиката.

Колекцијата ќе биде достапна во продажба веднаш по ревијата.

 

Објавено:
24 февруари 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
436 пати
Тагови: 
колекции H&M Studio