Омилениот австралиски дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски има нова ресорт колекција која како и секогаш е полна со супер креации. 

Сосема во негов стил, колекцијата изобилува со волуменозни парчиња, многу карнери, интересни и неочекувани отвори, впечатливи материјали и само неколку бои. 

„Понекогаш се прашувам себеси дали претерувам, но моите клиенти постојано ми велат дека грешам“, изјави Матичевски за време на презентацијата на новата колекција. 

Денеска, парчињата на неговиот бренд може да се најдат во вкупно 90 продавници ширум светот со неверојатно уникатни и многу познати клиенти. 

Иако некои ќе кажат дека дизајнерот сместува многу различни работи во само една креација, продажбата говори поинаку. 

Асиметрични здолништа и фустани, секси горни делови, волуменозни палта и креации со шик отвори се дел од последната ресорт колекција во која трендсетерките веќе се вљубија. 

Овој пат, покрај класичните и нему омилени црна и бела, тој смести и парчиња во небесно сина, прекрасна жолта и по некоја металик креација. 

Имено, тој ја претстави целата колекција на недамнешната модна недела во Австралија, но сега конечно можеме да го видиме и лукбукот за истата. 

Во галеријата погоре, погледнете ги фантастичните парчиња на талентираниот дизајнер. 

Објавено:
28 јуни 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
717 пати