Досега, речиси сите ревии на кои се презентирала долна облека биле навидум слични - згодни и високи девојки на пистата кои носат секси модели и се смеат на камерата.

Популарната пејачка и дизајнерка, Ријана, вчеравечер на модната недела во Њујорк ја претстави новата колекција Savage x Fenty со спектакуларно и помалку „диво“ шоу.

На пистата можевме да видиме некои од најпознатите модели во моментов, прекрасни plus size манекенки, впечатливи девојки, па дури и бремената Слик Водс како една од омилените девојки на Ријана.

Секако, на ревијата се појавија и познатите сестри Хадид кои изгледаа неверојатно секси во парчињата од колекцијата на дизајнерката.

Модните критичари ќе кажат дека ревијата на Ријана беше совршен начин за да се заврши модната недела, бидејќи за прв пат во историјата се случува вакво шоу кое на единствен начин ја слави убавината на различните жени.

Таа приреди вистински спектакл – познати танчерки и дами од соседството облечени во нејзините парчиња со неверојатна кореографија ги освоија сите присутни, а подеднакво емотивен беше моментов кога две бремени манекенки се појавија на пистата порачувајќи дека и нивните тела се секси.

Облечена во секси тесен кафен фустан и очила за сонце, на крајот на ревијата музичката дива излезе да ги поздрави сите присутни на што доби овации кои траеја долго време.

Со звуците на „Love me tender“ на Елвис Присли и бројни модели кои се држат за раце, модните критичари велат дека можеби таа го приреди најдоброто завршно шоу што модната недела во Њујорк било кога го имала.

Инфо и фото: Вог, Харперс Базар

Објавено:
13 септември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
393 пати