Рикардо Тиши носи тренсформација во Барбери што на светот ќе му се допадне

17 септември 2019

Мантилите и кариранот принт секогаш ќе останат исконски симбол на Барбери. Но, потребите на општеството и сфаќањата на модата се менуваат, а со тоа треба да се внесуваат промени и во дизајнот.

Токму со таква идеја, челниот дизајнер на Барбери, Рикардо Тиши, кој веќе трета сезона е на оваа позиција, се похрабро ита кон нов современ лик на брендот, притоа задржувајќи ја неговата есенција.

Новата пролетна колекција беше промовирана вчера во рамките на Модната недела во Лондон.
Британските темели на кои е граден брендот, добиваат италијански шарм, а тоа е видливо, па дури и експонирано во оваа колекција.

„Глобализацијата на стилот значи поинаков приод за мене денес", вели Тиши.

А неговиот „поинаков приод" значи младешка енергија која го оплеменува дизајнот на брендот со храбри слоевити комбинации, принтови, различна естетка споена во една димензија. Присутни се и реси и пердуви и неконвенцонално комбинирани марами, но целиот тој „хаос" артистично функционира.

Фото: Vogue

Објавено:
17 септември 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
290 пати