Роберт Ивановски направи моден едиторијал за својата нова колекција „The garden of earthly delights“

27 април 2018

Македонскиот моден дизајнер Роберт Ивановски го објави модниот едиторијал за неговата нова колекција „The garden of earthly delights", што неодамна ја промовираше на Модниот викенд Скопје.

Симболично едиторијалот е сликан во цветна градина алудирајќи на инспирацијата за оваа линија, најпознатото дело на ренесансниот уметник Хиеронимус Бош, истоимената „The garden of earthly delights". Ова е дело преку кое на еден бизарен и надреалистичен начин се прикажани земските искушенија, а Ивановски својата инспирација ја имплементира преку принтовите што имаат централно место во претежно црните комбинации во разиграни, асиметрични кроеви.

Едиторијалот го фотографираше Дарко Мораитов, а модели се Милка Пухариќ и Виктор Пецев од модната агенција „Models In".

 

Објавено:
27 април 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
535 пати