Roberto Cvalli Pre-fall 2020: За жени божици, борци и заводнички

26 ноември 2019

Во модната индустрија ова е времето кога модните куќи и дизајнери ги презентираат пред-есенските колекции за следната година. 

Нашето внимание денеска го привлече колекцијата на „Роберто Кавали“. Одамна не сме виделе колекција од овој бренд што зрачи со таква софистицираност, а сепак ја задржува својата „дива“ страна преку принтовите. 

Од тимот велат дека колекцијата е посветена на сите „Кавали жени“ кои истовремено се и божици, борци и неодоливи заводнички. Парчињата се инспирирани делумно и од келтичката митологија, романтичните легенди на Аволон, кралот Артур и витезите...

Сето ова е спакувано во фантастични мантили и капути, кошули со принт, но и божествени фустани идеални и за овој празничен период од годината.

Покрај женски, колекцијата содржи и неколку машки модели, во истиот стил. 

Кожа, кадифе, свила се дел од ткаенините од кои се создадени креациите.

Во продолжение погледнете дел од колекцијата, сигурни сме дека ќе најдете макар едно парче кое би сакале да го имате:

 

фото извор: wwd.com;

Објавено:
26 ноември 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.692 пати