Дизајнерот Пол Сариџ се инспирираше од патувањата за да ја создаде новата ресорт 2019 колекција на брендот Роберто Кавали.

Сите парчиња од колекцијата потсетуваат на слобода и на авантура, а повикуваат на патувања низ разни колоритни земји.

Дизајнерот се погрижи да смести доста бохо парчиња за совршено лежерно лето, а како што ќе каже, самиот си дал предизвик да го претстави бохо трендот во едно поинакво издание и да посочи што тој всушност значи.

„За мене, тоа е став, слобода да се изразите себеси на вистински начин. Ова чувство, во нашата модна куќа секогаш е измешано со гламур, сила и самодоверба“, изјави дизајнерот.

За него, жената патник Кавали е жена која низ светот се здобива со разни искуства, забавни спомениприкажани на фотографии преку колоритните и богати парчиња кои дизајнерот ги прикажа во ресортот 2019.

Како и секогаш, така и во оваа колекција можеме да ги видиме препознатливите за брендот животински принтови, прикажани преку лелеавите здолништа и футстани, но и фантастичите палта и тесните кожени панталони.

Подеднакво интересни и впечатливи беа и комбинациите што тој ги направи со парчињата со различен принт, кои сепак на крајот изгледаат совршено споени и ултра тренди.

Објавено:
22 мај 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
440 пати