Романтичен гламур во новата ресорт колекција на Зухаир Мурад

29 јуни 2017

Еден од милениците во модниот свет, либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, ги објави фотографиите од неговата нова ресорт колекција за 2018 година.

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Неговата препознатлива дизајнерска естетика проткаена со луксуз, во оваа колекција добива една посуптилна нота на гламур, а во преден план е романтичниот израз во комбинација со мотиви од флората и фауната.

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Она што прво ќе го воочите е ненаметливата градација на колоритот, кој од нежен и пастелен преминува во интензивен и нагласен.

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Во првиот дел од колекцијата се застапени романтичните фустани во лелеави кроеви, со должина од мини до макси, а претежно флоралниот е носечки мотив.

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Во вториот дел од колекцијата, дефинирана е сексапилната нота кај жената, со храбри и екстравагантни крации, во комбинација на транспарентни делови и богато украсени рачно везени елементи. Покрај тоалетите со карнери, вниманието ќе ви го привлечат и дводелните монохроматски костуми со макси ногавици, како и комбинезоните со плисирани ногавици во широк крој.

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

Фото: courtesy_of_zuhair_murad

 

Објавено:
29 јуни 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
796 пати