Романтична колекција на Живанши за пролет/лето 2016

23 јануари 2016

Во рамки на ревијата на Живанши на миланската машка модна недела тимот дизајнери промовираше и неколку haute couture женски модели кои беа подеднакво одлични како и машките парчиња.

Модната куќа презентираше претежно романтични фустани од тантела, од неодоливи свилени материјали, фантастично крзно во црна боја, како и совршено скроени панталони во комбинација со стилски кошули и долги палта.

Во однос на боите, дизајнерите започнаа со секогаш омилената црна, па сѐ до нијанси на крем, светло зелена и нежно розова.

Погледнете ги стилските парчиња што тие ги презентираа на публиката во Милано.

Објавено:
23 јануари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
740 пати