Познатиот австралиски бренд Зимерман, во текот на постоењето создаде мала армија одбрани следбеници кои секогаш уживаат во новите фантастични парчиња што тие ги нудат.

Последно од брендот е ресорт колекцијата за 2017 година, во која сестрите Ники и Симон сместија парчиња со транспарентна и флуидна структура, фустани со карнери, цветни мотиви и бројни други тренди моменти.

Во работата на ултра талентираните сестри Ники и Симон Зимерман уживаат некои од најпознатите светски трендсетерки на сите континенти.

Токму оваа колекција дополнително ќе ги израдува, бидејќи истите се како создадени за топлите летни денови.

Романтичната колекција се состои од околу 30 парчиња, речиси подеднакво впечатливи во кои знаеме дека ќе го пронајдете својот фаворит.

Свилата, органтинот и нежната тантела се материјалите кои преовладуваат во колекцијата, а доминираат комбинезоните, кусите и долгите фустани, костими за капење и неодоливо шармантните светли бои кои се како создадени за летово.

Објавено:
22 јуни 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.171 пати