Романтично и долго топло лето со колекцијата на Манго

27 април 2017

Првата асоцијација за зборот лето веројатно се долгите песочни плажи и топлите вечери кои послужија како инспирација за новата кампања на Манго.

Брендот ја претстави новата колекција која е полна лежерни и романтични парчиња во прекрасни светли нијанси кои ќе ги посакаат сите девојки.

Неодоливите парчиња од лен, тантелните бели кошули, цветните маички со карнери и стилските панталони и здолништа се само дел од палетата шик парчиња сместени во летната колекција на брендот.

Новите Манго парчиња се всушност спој на омилените летни класици и актуелните трендови кои заедно создадоа уникатна колекција за совршено лето.

Познат по класичните и секогаш стилски панталони, брендот и овој пат нуди интересни модели на пруги, со висок струк, но и едноставни бели за секојдневните комбинации.

Дел од колекцијата се и интересните кафени модели на сандали кои се како создадени за топлите летни денови, а можете да ги носите со што и да посакате.

Во продолжение погледнете ги прекрасните нови парчиња од Манго во кои секоја од нас сака да го помине долгото и безгрижно топло лето.

Објавено:
27 април 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.719 пати
Извор: 
journal