Романтика и женственост во новата колекција на Liu Jo

9 мај 2017

Романтична естетика и нагласена женственост ја карактеризираат новата колекција за сезоната пролет-лето 2017 на брендот Liu Jo.

Во новата кампања за хрватскиот пазар, заштитно лице по осми пат е пејачката Јелена Розга која во едиторијалот за новата колекција се појавува во неколку ексклузивни парчиња, објави хрватското издание на онлајн магазинот Buro 24/7.

Доминантната романтична нота во оваа колекција е споена со новите актуелни тенденции како што се опуштените кроеви, еклектичниот микс на кежуал и елегантни парчиња, како и комбинацијата на различни типови на материјали и дезени со што се доловува ефектот на слоевитост.

Соработката помеѓу Liu Jo и Розга, трае од 2013 година. Во кампањата за оваа сезона, пејачката ги носи сите клучни прачиња на кои им дава и свој, личен печат.

Објавено:
9 мај 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
626 пати