Росица Мршиќ ја прикажа колекцијата „Celia“ за пролет-лето 2018

25 април 2018

Дизајнерката Росица Мршиќ ја претстави најновата колекција наречена „Celia" вчеравечер во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба", во организација на Моден викенд Скопје.

Модните креации кои се инспирирани од портретите на Силија Биртвел насликани од познатиот англиски уметник Дејвид Хокни беа прикажани на несекојдневен начин со моден перформанс во неколку простории.

Новите модни парчиња за сезоната пролет-лето се нетипични за досегашната работа на Мршиќ.

„Парчињата кои ги создавам ги портретирам како парчиња кои се за секој ден, секоја пригода, но секогаш интригантни и возбудливи. Силни бои, цветни стилизирани принтови, црна и мека бела боја, артистични текстури на материјал, кроеви сложено изработени, ја прават „Celia" карактерно романтична, авангардна и ласцивна", рече Мршиќ.

Колекцијата беше надополнета со автентични парчиња накит што ги изработи дизајнерката на накит Марта Поп Антоска, инспирирана од креациите од најновата линија на Мршиќ.

 

Објавено:
25 април 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
284 пати