Русија низ призма на Александра Дојчиновиќ

30 септември 2015

Познатата хрватска дизајнерка Александра Дојчиновиќ, која твори под брендот Lei Lou, неодамна ја презентираше кампањата за колекцијата есен 2015 година.

Елеганцијата и моќноста на едноставноста и плетенките во коса, украсени со крупни бисери се во прв план. Првите асоцијации на есенскиот изглед што Дојчиновиќ го поставува како тренд се Русија.

Многумина прокоментираа дека дизајнерката се инспирирала од стилот на Јулија Тимошенко, односно направила спој на Украина и Русија.

Без оглед на тоа како ја доживувате колекцијата, несоменено е дека Александра со едноставните кроеви и впечатливите бои повторно освои голем број жени ширум Балканот.

Објавено:
30 септември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
686 пати