Само за вљубеничките во патики: Совршена колекција на Најк за Либерти Лондон!

4 април 2014

По извонредните комбинации со патики за кои пишувавме неодамна, ни пристигнува нова, совршена колекција од Најк специјално изработена за стоковната куќа Либерти Лондон.

Најпознатите модели на патиките на Најк – Air Max 1, Air Max 90 I Roshe Run оваа пролет достигнуваат нова, сосема поинаква урбана димензија со прекрасните принтови од 30 – тите и 70 – тите години, меѓу кои и цветниот и познатиот „кашмирски“ дезен.

Новите модели на Најк се во шармантни и нежни нијанси, а за приказната да биде уште поубава, на патиките им е додаден винтиџ момент со одличните врвки од коноп.

Оваа соработка резултираше и со колекција облека за трчање во која може да најдете куси панталони, маичка со качулка и спортско елече.

Она што дефинитивно е сигурно е тоа дека овие модели нема да послужат само за спортски моменти, туку и тоа како ќе се најдат во секојдневните комбинации на треди девојките.

Целата колекција можете да ја погледнете на официјалната страница на стоковната куќа Либерти Лондон.

Објавено:
4 април 2014
Категорија: 
Колекции