Сè би носеле од новата колекција на „Топшоп“

24 август 2017

Брендот „Топшоп“ навистина знае да погоди во центарот и да создаде комерцијална, а сепак тренди и убава колекција што ќе му донесе одлична заработка.

Токму таква е и оваа за есен 2017. Главната дизајнерка Кејт Фелан успеа да го обедини најдоброто од трендовите за претстојната сезона, па така создаде актуелна колекција помешана со винтиџ естетика.

Видливо е влијанието од 70-тите и 80-тите години, кои веќе неколку сезони по ред се неисцрпна испирација за дизајнерите.

Одела од кадифе, бунди од вештачко крзно во комбинација со винтиџ фустани, како и плетенини, potoa бомбер јакни и тоа во колор-блок комбинации, балонери и широки сакоа, што е секако влијание од 1980-тите, сето тоа е одлично склопено во една модна приказна од која секоја девојка што ги следи трендовите би сакала да биде дел.

Во продолжение погледнете го целиот едиторијал за оваа колекција:

 

 

Објавено:
24 август 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.540 пати
Извор: 
Vogue.com