Со оглед на тоа дека се наближуваат новогодишните и божиќните празници, светските улични брендови работат со полна пареа.

Овој пат нашето внимание го задржа празничната колекција на уличниот бренд „Топшоп“.

Уште „на прва“ ќе видите дека доминираат парчињата со светки и со многу сјај. Всушност, тој тренд речиси секоја година е присутен, но изгледа годинава доживеа кулминација.

Од фустани со мониста, преку здолништа и блузи со металик сјај, до светкави чизми за комплетна впечатливост, и луксузноста на кадифето, од брендот се потрудија 2018 да ја дочекаме блескаво и тоа во секоја смисла.

Во колекцијата се обединети елемнти од естетиката на 1970-тите, преку ѕвонарките, интересните принтови, челвите на платформа), потоа на 1980-тите, преку нагласените раменици и диско ефектот, како и на 1990-тите – краките маички што го истакнуваат голиот стомак, потоа мрежастите блузи, слип-фустаните..., но сите прилагодени на актуелните трендови.

Бидејќи важи за еден од попристапните брендови, не се сомневаме дека со оваа колекција ќе блесне и буџетот на „Топшоп“.

Во продолжение погледнете дел од колекцијата, веруваме дека парчињата ќе ве инспирираат и за вашиот изглед на најлудата ноќ во годината.

 

Објавено:
13 ноември 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
784 пати