Секојдневен гламур со ретро нота на Зухаир Мурад

6 март 2018

Либанскиот дизајнер Зухаир Мурад претстави лубук за најновата колекција за есен 2018. Новите креации спаѓаат во ready-to-wear, но и покрај тоа не се откажува од дозата луксузност по која е препознатлив.

Затоа, парчињата од новата колекцијата можат да се обединат под синтагмата секојдневен гламур, но кога ќе ја погледнете ќе забележите препознатливи елементи од 1960-тите и 1970-тите години.

Со тоа, Зухаир прави комбинација на актуелностите со ретро инспирација. Така, колекцијата се содржи од ѕвонарки, бохо фустани, шапки како моден додаток, парчиња каде изобилува нежна тантела, парчиња со пердуви и реси. 

Дизајнерот си игра и со различни ткаенини, па освен тантелата забележливо е присуството и на крзнени елменти, кожа, па сè до ткаенини со украсни камења.

Од мини фустани, преку панталони, комбинезони, до долги фустани, Зухаир Мурад се обидел да ги обедини желбите и потребите на жените, особено љубителките на романтичниот стил. 

Кога се боите во прашање, доминираат виолетовите тонови, веројатно поведен и од тоа дека виолетовата е боја на годината.

Во продолжение погледнете го целиот лукбук и кажете ни ги вашите впечатоци:

Објавено:
6 март 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.454 пати