Иако одамна беше најавена, конечно пристигна новата колекција на популарната музичка ѕвезда Селена Гомез со одличниот бренд Coach.

Таа не ги изневери нејзините обожаватели ниту овојпат, претставувајќи колекција полна шик парчиња кои ќе ги обожава секоја млада личност на планетава.

Во истата пејачката смести џемпери, памучни блузи на долги ракави, свилени маички, јакни и многу модни додатоци меѓу кои и чанти за околу половината како едни од најпосакуваните, паричници, модни приврзоци, маски за мобилен и што уште не.

Колекцијата е објавена во совршено време кога завршуваат летните распусти и децата се враќаат на училиште, па повеќе од сигурно е дека истата ќе доживее огромен успех.

Секако дека нема подобра реклама од самата пејачка, па така деновиве таа на социјалните мрежи постојано објавува фотографии од новите парчиња кои ги носат заедно со нејзините пријателки.

Речиси на секое парче има принт од зајче како апликација, тантела како додаток, материјали како сатен и памук и претежно нежна палета на бои.

Истата ќе можете да ја најдете на продажба на онлајн страницата на брендот веќе од 31 август.

Објавено:
15 август 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
241 пати