Публиката од „Шанел“ е навикната да ги надминува очекувањата, а успехот е во тоа што модната куќа и успева во тоа.

Вчера во Париз повторно претставија шоу за кое денеска сите зборуваат. Темата овој пат беше Ајфеловата кула, па дел од сценграфијата беше совршена реплика на овој симбол на француската престолнина, што предизвикува восхит.

фото извор: Vogue.com/Alessandro Garofalo / Indigital.tv

Што се однесува до колекцијата, Лагерфелд не се одалечува од твидот, така што тој повторно доминира. Првиот дел од колекцијата е резервиран за строги кроеви, костими, панталони, тесни здолништа, комбинезони. Шапките, како и кај „Диор“, се чест моден додаток со кој Карл ја прикажува едната страна на француската дотерана жена.

Уште нешто што се забележува е и сеприсутноста на сивите нијанси, што повторно беше случај и кај колекцијата на „Диор“, што значи дека ова е ќе е една од најпопуларните бои за сезона есен 2017.

фото извор: Vogue.com/Alessandro Garofalo / Indigital.tv

Вториот дел од колекцијата пак е посветен на креациите што ја претставуваат нежната, а софистицирана страна на Французинките. Доминираат креации од свила, украсени со пердуви, везови, многу цвеќиња и монистра.

фото извор: Vogue.com/Alessandro Garofalo / Indigital.tv

Ако се погледне подобро, ќе се забележи дека Лагерфелд овде си игра со контрастот лесно-тешко, правејќи спој на нежната свила со масивните украсувања, односно строгите кроеви наспроти наспроти лелеавоста на креациите во вториот дел.

фото извор: Vogue.com/Alessandro Garofalo / Indigital.tv

Некаде пред крајот вклучува и креации со непорабени рабови, што може да се толкуваат и како „кршење на правилата“, за ревијата сепак да ја заврши онака како што почна – во совршено скоцкани парчиња и комбинации во сива боја.

фото извор: Vogue.com/Alessandro Garofalo / Indigital.tv

И ако се земе сè предвид, точно може да се забележи инспирацијата од Ајфеловата кула, цврстата градба, со суптилни заоблувања.

Објавено:
5 јули 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
242 пати