Како и секогаш, Карл Лагерфелд направи вистински спектакл во Куба каде под отворено небо ја прикажа најновата круз колекција која повторно фасцинира.

Ревијата беше вистинско уживање за сите оние што имаа можност да присуствуваат, а нивното воодушевување се потврди со бројните Инстаграм објави и фотографии.

„Куба е прекрасна, поради своите бои, автомобили...има нешто особено убаво во сето тоа. Куба е место како ниедно друго на светот, има идентитет кој јас го сакам и отсекогаш сакав да дојдам тука, но ми требаше професионална причина за тоа“, изјави Лагерфелд за WWD.

Сите присутни и моделите на ревијата дојдоа со стари автомобили во разни бои карактеристични за Куба, а во текот на денот имаа и организирани посети низ интересни и значајни места во Хавана.

Низ сите парчиња од колекцијата се провлекуваше духот на фасцинантната Куба и живописните бои кои Лагерфелд ги преслика на фустаните, здолништата, костимите за капење, наметките, стилските јакни и одличните панталони и кошули.

Мотиви од автомобили ги разубавуваа лелеавите летни фустани, шарени палми беа поставени на лежерните џемпери, натписи на маичките и бројни додатоци кај накитот, шапките и траките за коса.

Дел од колекцијата беа и малите црни фустани направени од прекрасен материјал совршен за летните денови, нивните познати палта од твид совршени за секоја сезона, но и лежерни секојдневни парчиња направени од висококвалитетен материјал и секако, неизбежните плетеници.

Погледнете ја новата фантастична колекција на единствените Шанел!

Објавено:
4 мај 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
501 пати