Доколку редовно ги следите социјалните мрежи, тогаш веројатно сте го погледнале брендот Rixo од Лондон чии дизајнери прават супер шик фустани.

Истите се совршени за сите вљубенички во винтиџ стилот, а дизајнерките Хенриета Рикс и Орлах Мекласки создадоа навистина интересни модели.

Брендот е всушност посвета на лондонската модна сцена од 70 тите, но во современо издание. Речиси сите колекции што дизајнерките ги презентирале се капсулни и секогаш имаат некој главен мотив околу кој се концентрираат дизајните, а меѓу последните се соѕвездијата како нешто магично.

Цените на фустаните се движат од 200 до 400 евра, а покрај фустаните брендот нуди и одлични бохо костими за капење и блузички со рачно украсени и цртани принтови.

Сите модели што девојките ги сместија во оваа колекција се лежерни и претежно со широк крој, куси или со должина до под колената.

На некои од нив ги има најпосакуваните додатоци сезонава, копчињата, но и карнерите и точките кои се подеднакво прекрасни.

Целата колекција можете да ја најдете на Net-a-Porter и да го одберете вашиот фаворит за пролетва.

Извор и фото: Buro 24/7

 
Објавено:
3 мај 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.289 пати