Што нѝ подготви Селин за студените денови?

14 август 2015

Новата кампања на Селин уште еднаш ги остави сите обожаватели на францускиот бренд без зборови.

Тимот на една од омилените модни куќи создаде неверојатни кожени мантили со врвка на средина, потоа долги палта со цветови и неодоливо крзно околу вратот, но и нови примероци од нивните широки кошули со принт и елеци со интересен крој.

Креативната директорка Фиби Фило овојпат создаде многу чиста кампања, со едноставни модели без шминка и со природни коси.

За оваа кампања таа ангажираше плејада од модели меѓу кои и Карли Лојс, Мерланд Бакус, Фредерик Софи, Габи Лодер и уште неколку други.

За едноставните фотографии заслужен е фотографот Јурген Телер, а од шминка, само кај неколку модели можеме да видиме единствено сина сенка и ништо повеќе!

Објавено:
14 август 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
930 пати