Сите сегменти на Лос Анџелес во новата ресорт колекција на Версаче

7 јуни 2017

Креирајќи го концептот за својата нова ресорт колекција, Донатела Версаче го однесе својот тим на истражувачко патување низ Лос Анџелес, со цел да се соживеат со духот на градот и ритмично да го имплементираат во својот дизајн.

Затоа и колекцијата е поделена во неколку сегменти кои го прикажуваат Лос Анџелес во неговите различни расположенија: од опуштените лежерни денови на плажа до летните коктел забави.

Она што ги поврзува сите парчиња во оваа колекција се секогаш присутните елементи на рок супкултурата, преку кожените јакни и здолништа како и нитните што доминираат во изборот на детали.
Она што е поразлично во однос на оној карактеристичен Версаче израз, е посуптилниот приказ на сексапилот. Секако повторно е присутен, но во една посмирена форма.

Деловниот изглед е исто така застапен, но преку модифицирано издание на класичниот костум, здолништата имаат отворено високи шлицови додека под сакото се носат кратки топови.

Колекцијата е финиширана со колоритни летни плетива вметнати во дизајнот на фустаните за летни коктел забави на плажа.

Во продолжение погледнете ја целата ресорт колекција на Версаче.

Објавено:
7 јуни 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
201 пати