Скандинавски дух во италијанска интерпретација на Версаче

16 декември 2014

Студенило типично за скандинавскиот дизајн, наместо топлината на препознатливиот италијански шарм - Версаче направи компромис во својата нова пред-есенска колекција за 2015.

Црно-индиго колор блок дуелот преовладува безмалку во целата колекција, која е базирана на строги кроеви и чисти линии. Повремено колоритот е разигран со блокови на црвена и бела, геометриски принтови и карирани дезени.

Пресеците на здолништата и палтата се асиметрични, јакните се со дебели јаки, а дезените од фустаните се пресликуваат и кај хулахопките и чантите.

Крзното се комбинира со кожа, италијанскиот со скандинавскиот дух, но женственоста останува непроменлива константа.

 

 

Објавено:
16 декември 2014
Категорија: 
Колекции