Во објектот на познатата Њујоршка берза на Вол Стрит, Донатела Версаче вчеравечер ја прикажа пред – есенската колекција за 2019 – тата година.

Како тоа да не беше доволно, во самиот објект таа изгради реплика на познатата Статуа на слободата од Њујорк во златна боја.

На прес конференција пред ревијата, дизајнерката изјави дека статуата за неа не е само симбол на Њујорк, туку и симбол на жените, на моќта и силата.

„Ние жените, секогаш мора да се бориме повеќе од мажите“, заклучи таа.

Спектакуларното шоу всушност ја означи новата ера за Версаче, со оглед на тоа што неодамна Мајкл Корс ја купи компанијата, но сепак, Донатела остана да биде дизајнерка за брендот.

Се чини дека таа целосно ја оправда одлуката, прикажувајќи колекција која неодоливо потсетуваше на некои од иконските парчиња на брендот низ минатото.

Колекцијата таа му ја посвети на нејзиниот брат Џани Версаче, а истата за кратко доживеа огромен медиумски успех.

Многу парчиња потсетуваа на познатиот фустан со безопасни што го носеше актерката Елизабет Харли, но и комбинациите со памучни блузички и раскошни здолништа што низ минатото без избор на голем број ѕвезди.

На пистата таа прикажа и совршено скроени женски костими со познатото лого на брендот, минималистички свечени фустани, раскошни бунди, за сосема на крајот да се појави Амбер Валета во фустан кој беше копија со различен принт на оној со длабокото деколте на Џенифер Лопез.

Сосема очекувано, на ревијата се појавија некои од најголемите ѕвезди на денешницата меѓу кои и Бредли Купер, Блејк Лавли, Ким Кардашијан, Канје Вест, Трејси Елис Рос, Вини Харлоу и други.

Инфо и фото: Vogue Runway

Објавено:
3 декември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
483 пати