Сон на мажите, задоволство за жените-новата љубовна колекција на Викторија Сикрет

29 јануари 2014

 

Продавницата на најпосакуваниот бренд за долна облека Викторија Сикрет е веќе пополнет со сензационални и романтични модели за денот на вљубените, Св. Валентин. Станува збор за новата колекција на долна облека која е во знакот на љубовта и се заснова врз три љубовни правила. Бидете смели и секси, неодоливо романтични и заведувајте. Со цел целосно да му се даде фокус на претстојниот празник, брендот промовираше неверојатна линија на долна облека која не само што ги исполнува очекувањата на жените, туку дефинитивно ќе ја разбуди и машката фантазија.

 

 

Стилизираните парчиња долна облека на Викторија Сикрет, се претежно во розови и црвени нијанси, но не се изоставени и црно-белите тонови и украсните везови. Изданијата на модната етикета од година во година се повеќе ги разбрануваат стиловите и стереотипите за интимниот изглед кај жените. За магијата да биде целосна во презентирањето на оваа страсна линија се погрижија моделите Адријана Лима, Лили Олдрич и Кендис Свенпул.

 

 

Колекцијата вклучува класични модели на пуш ап градници, корсети, подвезици, гаќи со висок струк, корсетирани ноќници и боди. Карактеристично за моделите е тоа што и покрај многуте панделки, тантела и везови се неверојатно комфорни и удобни. Линијата потсетува помалку на дизајните долна облека кои беа актуелни во ’60-тите особено моделите на гаќи со висок струк и корсетираните ноќници, па критичарите констатираа дека брендот успеал на посебно интересен начин да спои две временски епохи кои се дијаметрално различни во една модерна и секси варијанта.

 

 

Парчињата кои Викторија Сикрет ги создаде специјално за денот на вљубените им помага на жените да го откријат својот внатрешен идентитет, за да можат да одлучат кој стил најмногу им прилега и во кој модел се чувствуваат вистински посакувано и секси.

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
29 јануари 2014
Категорија: 
Колекции