Специјално за дамите: Летна колекција стилски чанти од реномираниот бренд Елена Лука

11 јули 2019

Како и секогаш, модната куќа Елена Лука ги радува своите клиенти со пласирање на актуелни трендови, овојпат фантастична колекција чанти во кои ќе се вљубите на прв поглед.

Брендот лансираше нова, летна колекција специјално дизајнирани чанти само за дамите, во која вметна неколку уникатни модели со кои ќе ги надополните сите ваши стајлинзи.

Секоја дама во колекцијата ќе го најде својот омилен модел што дополнително е украсен со стилски марами изработени од висококвалитетен материјал, како и приврзоци како модни додатоци.

Сите модели на чанти што реномираниот моден бренд ги смести во оваа колекција се олицетворение на летото и совршен избор за секоја пригода.

Вљубеничките во плетените чанти како ултимативен хит оваа сезона ќе го пронајдат својот омилен модел и боја токму во оваа колекција, а овие модели се дефинитивно и едни од најбараните.

Истите доаѓаат во црна и бела варијанта, дополнително украсени со кафен детал во пределот на закопчувањето, а изгледаат совршено надополнети со дизајнираните марами со потпис на брендот.

Во колекцијата ќе најдете и елегантни модели, исклучително стилски и модерни како одличен избор со кој ќе ги истакнете деловните комбинации и секој ден ќе изгледате беспрекорно.

Секако, за сите млади дами, Елена Лука смести и неколку тренди модели во бела и златна нијанса со интересни детали и начин на закопчување.

Подеднакво интересни и впечатливи се и овие must have модели во интересни бои, изработени од висококвалитетен материјал, дополнително истакнати со кружната дрвена рачка што ги прави совршен избор за секојдневни комбинации.

Без разлика што и да одберете, запомнете дека оваа сезона сите тренди и стилски чанти ќе ги најдете во салонот на модната куќа Елена Лука каде ве очекуваат и други уникатни и софистицирани парчиња.

 

Објавено:
11 јули 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
959 пати