Срце од Валентино за Њујорк

29 ноември 2014

По отворањето на продавницата во Њујорк на Петтата Авенија во август, Валентино неодамна  ја лансираше и капсулната колекција, насловена токму по името на градот. Главниот мотив во колекцијата се малите црвени срца, што всушност се на некој начин и репрезент на брендот, а кои особено доаѓаат до израз на белите парчиња, што го симболизираат снегот. Со ова и францускиот дизајнер се приклучи во низата празнични колекции и кампањи во светот на модата.

Колекцијата содржи парчиња облека и модни додатоци и за мажи и жени, како и новогодишни играчки и украси и два елегантни божиќни лампиона, а сите ќе можат да се купат исклучиво во њујоршкиот дуќан на дизајнерот.

Објавено:
29 ноември 2014
Категорија: 
Колекции