Ана Љубиновиќ, Будислава Коковиќ, Ивана Пиља, Џорџ Стајлер и Влада Савиќ се дизајнерите од Белград кои вчера групно се претставија на последниот ден од модната недела во Лондон, како и Марко Митановски, кој претходеше со посебна ревија.

Марко остана доследен на својата естетика и авангарден израз, па и овој пат доминираа црни креации, при што особено внимание привлекоа деталите и модните додатоци за глава, а сите креации беа надополнети со „искинати“ хеланки, односно чорапи.

Митановски беше одличен вовед за ревијата на младите белградски дизајнери што следеше потоа.

Најадекватните креации претходно се избрани од страна на домашно (српско) и интернационално жири, после нивните ревии.

Оваа нова генерација модни креативци успеа да собере мноштво позитивни коментари. Со различни теми – „Карневал“,  „Повеќе е помалку“,„Балканска хорор приказна“, како што беше наречена ревијата на Ивана Пиља, во најпозитивен контекст, со игра на сенки, текстури и бои, белградските дизајнери комплетно го свртеа вниманието кон себе.

Ана Љубинчиќ ss16

Инаку, оваа можност за групно претставување на младите дизајнери им ја овозможи добрата соработка на британската организација Fashion Scout и Белградската модна недела.

Ивана Пиља ss16

За оние што не знаеја, токму од ова место, со помош на Fashion Scout платформата, своите професионални успеси тргнаа бројни талентирани дизајнери, меѓу кои и Роксанда Илинчиќ, која исто така има српско потекло.

Објавено:
23 септември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
415 пати