Стела Макартни во соработка со Адидас

26 јуни 2013

По дизајнот на Стела Макартни, познатиот бренд за спортска облека Адидас лансираше нова женска спортска колекција правена специјално за тенисери. Како модел во рекламната кампања е ангажирана британската шампионка во тенис Лаура Робсон.

-Тенисот е еден од спортските дисциплини каде може да се истакне женственоста на моделите во дизајн. Моја цел беше да се постигне висока модна изведба која ќе направи комфор за тенисерките. Јас сум навистина горда што можев да работам на овој проект, изјавува Стела Макартни.

Објавено:
26 јуни 2013
Категорија: 
Колекции