Светските медиуми не престануваат да зборуваат за последното шоу на Стела Мекартни на Париската модна недела. Таа вчера ја прикажа есенската колекција, испраќајќи силна порака за заедништво, љубов, верба во подобро утре.

Кога се парчињата во прашање, веднаш се забележува доминацијата на монохроматските стајлинзи, како и влијанието на 1980-тите, видливо преку предимензионираните раменици, нагласена половина, дворедно закопчување, широки панталони итн.

Прилично зимската колекција, каде доминираат волнени парчиња (посебно интересни се џемперите и блузите со мотиви на коњ), е разиграна со парчиња од свила (одела и фустани), како и комбинација на волна и кожа.

Крајот е резервиран за фустани од памук и кашмир, како и плисирани парчиња за сите што го преферираат нежниот и романтични креации.

А кога е пораката во прашање, Мекартни не направи маици со натписи, туку со дефиле на крајот од ревијата.

Манекенките танцуваа во ритамот на песната на Џорџ Мајкл, „Faith“, а ниту изборот на местото на одржување на ревијата не беше случајност. Дизајнерката одлучи тоа да биде Националната опера во Париз, местото каде што во 2014 година Мајкл имаше неверојатен концерт. На тој начин сакаше да му оддаде почит, но истовремено да ја нагласи и својата порака.

-Верба и љубов се инспирацијата за колекцијата. Сакав да го рефлектирам доброто во луѓето низ мојата работа. Мојата порака е јасна. Сакам да ги сплотам луѓето во она што го правам, а политиката и политичарите се секако дел од тоа – вели Мекартни.

Освен на звуците на Faith, манекенките танцуваа и на миксот од песни – All you need is Love на „Битлси“, како и „Don’t you bleep with my energy“ на Princess Nokia.

Погледнете како изгледаше тоа:

 

Објавено:
7 март 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
143 пати