Брендот Superdry постои од 2003 година, кога е отворена првата продавница во Ковент Гарден во Лондон, а од неодамна го имаме и во Скопје, во рамки на Сити Мол.
Овој британски бренд го канализира духот на Јапонија преку исписите на јапонски јазик кои се среќаваат на самото лого и на голем дел од облеката. Облеката наменета за мажи и за жени е релаксирана, лежерна, но во исто време е модерна и актуелна. Освен стандардната колекција на облека и модни додатоци, тука е и колекцијата Superdry Sport која нуди облека и обувки за вежбање, трчање како и за скијање.
Колекцијата есен/зима 2018, зема ретро елементи и им додава модерен дух, креирајќи трендовска, современа и модерна реинтерпретација. Носталгијата по 70-тите и вестерн влијанието се присутни во женската колекција “All American Girl”. Рачно нацртани птици и винтиџ цветови се аплицирани на џинс кој се комбинира со јакни со пораби, кои се централни парчиња во оваа колекција. Деликатно везените фустани и здолништа додаваат женственост помеѓу карираните кошули, комбинезон фармерките и “погрубата” плетка на џемперите.
Колекцијата “New Army” претставува дуксери кои се сè освен обични – комбинација од монистри, метални детали и луксузни материјали, дополнети со тесни, моторџиски фармерки за впечатлив изглед. Јакните кои се обложени со слој од восок даваат елементи на “војничко” чувство, додека пак деталите од тантела и плишаните фустани во бордо и индиго ја “омекнуваат” колекцијата.
Спортските модели повторно доминираат во колекцијата есен/зима 2018. Контрастни бои и апликација на лого принтови, ја креираат приказната во колекцијата “Urban Street”. Едно од клучните парчиња е “oversized”, полнета јакна, која доаѓа во јака, жолта боја и соодветни тренерки за целосен изглед инспириран од модата во 90-тите.
Машката колекцијата “Back in the day” е навраќање кон њујоршката бит бокс сцена од 80-тите. Тексас јакни со волнена крагна и експлозија од јаки, основни бои кои се комбинираат со спортски парчиња. Колекцијата “London Calling” инспирирана од панк рок, ска и реге музиката – тесни, искинати фармерки кои се комбинираат со маици со принтови и тренч мантили – британски елемент во оваа релаксирана варијанта на облекување.
“Merchant Store” e дел од машката колекција каде се забележува инспирацијата од винтиџ, работната облека и американскиот каро дезен, кој се аплицира и на голем дел од јакните и палтата.
Колекцијата на Superdry за есен/зима 2018 претставува спој на дизајн, квалитет и иновација. Дефинирана од ставот кон животот, а не од возраста таа уште еднаш јасно го истакнува мотото на брендот: Ние ја создаваме облеката, вие ги создавате приказните.
*спонзорирана објава